Каевски: Македонската економија станува атрактивна за сериозни и големи странски инвестиции

од Nikola Popovski

Владата предводена од СДСМ донесе одлука за давање согласност на Договорот за државна помош на компанијата „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“ од Ахен, Сојузна Република Германија. Во Северна Македонија ќе се произведуваат електрични возила, вака портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски ја започна својата прес-конференција во седиштето на партија.

Каевски информира дека ова ќе значи отворање на нови работни места, воведување на нови технологии и знаења, зголемен извоз на производ со додадена вредност, како и ставање на Северна Македонија на мапата на земји производители на електрични автомобили.

-Македонската економија станува атрактивна за сериозни, големи странски инвестиции. Заедно со придружните дејности, со оваа фабрика се очекува да се отворат три до четири илјади работни места, што ќе придонесе за развој на само на Тетово, туку и на останатите општини од Полошкиот регион и државата. Оваа мултимилионска инвестиција е доказ дека Северна Македонија има стабилна и конкурентна економија, сигурна за сериозни странски инвеститори. И во време на светска економска криза, се потпишуваат договори за нови инвестиции, се отвораат нови работни места, дециден е Каевски.

Портпаролот на владеачката партија порача дека сето ова е показател дека економските политики на СДСМ даваат резултат и „се дополнителен мотив да продолжиме да работиме посветено на нови мерки кои го унапредуваат животниот стандард на граѓаните и гарантираат економски раст и развој“.

Слични содржини