Каевски: Владеачкото мнозинство ќе се зголеми

од Nikola Popovski

Нашето парламентарно мнозинство е стабилно. Сите коалициски партнери ја поддржаа владата, посочија и изјавија дека треба да продолжи, вели пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски во емисијата „24 анализа“.

Според него, тоа се насоките и тоа е реалноста која ќе се случи после 31-ви октомври.

-Единствено мнозинството може да се зголеми, рече Каевски.

Тој повтори дека членството во НАТО, ЕУ-процесот, реформите, економскиот раст и прогрес, просечната плата, процентот на невработеност и друго, се принципите и вредностите на оваа Влада и нејзиниот придонес.

Каевски дополни дека Владата има мандат од четири години и дека треба да продолжи со развојот на државата.

-Мандатот којшто го добивме од граѓаните во 2020 година на предвремените парламентарни избори беше мандат од четири години и во тие четири години да продолжиме да се зголемува и подобрува стандардот на граѓаните во нашата држава, да има економски раст, да растат платите, пензиите, да има сериозно вложување во капитални проекти, сето тоа е показател и доказ дека дополнително граѓаните ни дадоа мандат да Владата биде во наредните четири години…Да, секако со Зоран Заев како премиер, категоричен беше пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски на гостувањето во ТВ 24.

 

Слични содржини