Кафето има бројни здравствени придобивки, а овие 3 ако го пиете наутро

од Vladimir Zorba

Луѓето кои го започнуваат денот со шолја кафе го гледаат како неопходност, а не како дел од здрав појадок. Како што се испостави, оваа напивка всушност е полна со придобивки и може да го намали ризикот од цела низа болести, како и да ја зголеми силата на нашиот мозок, како што пишува Real Simple.

Есенцијални витамини и минерали

Кафето се смета за суперхрана бидејќи е полно со есенцијални витамини и минерали како рибофлавин, пантотенска киселина и магнезиум, како и биоактивни соединенија кои спречуваат болести. Хлорогените киселини се група полифеноли присутни во кафето кои имаат антиоксидантно дејство и се покажало дека помагаат во намалување на воспалението.

Го намалува ризикот од срцеви заболувања, дијабетес и одредени видови на рак

Редовното консумирање кафе е поврзано со спречување на сериозни болести. Една студија покажа дека пиењето три до пет шолји дневно го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Друго истражување на Американското здружение за срце покажа дека пиењето повеќе од една шолја кафе на ден е поврзано со 25 отсто помал ризик од мозочен удар кај жените. Неколку студии, исто така, покажаа дека внесувањето кафе може да помогне во спречување на одредени видови на рак, како што се ракот на дебелото црево, простатата, ендометриумот и црниот дроб.

Го подобрува здравјето на мозокот

Кафето е природен стимуланс кој го активира нашиот централен нервен систем, правејќи нè да се чувствуваме помалку уморни, а истовремено ја подобрува нашата способност да се концентрираме, фокусираме и брзо да реагираме. И не само тоа, кафето е корисно и за долгорочното здравје на нашиот мозок. Една студија покажа дека пиењето три до пет шолји кафе дневно во средовечност е поврзано со 65 отсто намален ризик од деменција и Алцхајмерова болест во доцната возраст.

Слични содржини