Кафето може да го продолжи животот

од Nikola Popovski

Пиењето три шолји кафе дневно може да го продолжи животот, тврдат научниците во новото истражување.

Редовните уживатели кои пијат кафе имале 12 отсто помали шанси да умрат од оние кои не пиеле, додека ризикот од кардиоваскуларни болести бил за 20 отсто помал, покажува новото научно истражување.

Сепак, научниците утврдиле дека овие придобивки постојат само при конзумирање мелено кафе, а не инстант-напитоци.

Студијата била спроведена на речиси 500.000 луѓе во Велика Британија и траела 11 години, а нејзините автори од Универзитетот Семелвајс во Унгарија и британскиот универзитет Квин Мери го објавиле во списанието „European Journal of Preventive Cardiology“.

Пиењето повеќе од три шолји кафе дневно не го зголемува позитивниот ефект, но кафето освен кофеин содржи и минерали и антиоксиданси кои го намалуваат ризикот од рак, дијабетес тип 2 и деменција.

Додека други научни студии предупредуваат дека кафето може негативно да влијае на крвниот притисок или кардиоваскуларните болести, д-р Стефан Петерсен од Универзитетот Квин Мери, еден од авторите на студијата, вели дека нивните наоди покажуваат дека тоа не само што не е штетно, туку може да биде и корисно.

Петерсен истакнува дека нивната студија е направена на најширок примерок досега и дека се фокусирала на кардиоваскуларните ефекти.

Слични содржини