Кафето со млеко поштетно и од порција помфрит

од Elena Daskalova

Бидејќи помфритот е симбол на нездрава храна, сепак една шолја кафе со млеко содржи повеќе заситени масти од една порција пржени компирчиња, пишува Ordinacija.hr.

Постојат и други комбинации што “кријат“ голема количина на заситени масти, што се најчесто предизвикуваат покачен крвен притисок и други кардиоваскуларни проблеми.

Овошен сладолед vs грчки јогурт

Додека една шолја грчки јогурт содржи шест грама заситени маст, во пола шолја овошен јогурт може да се најдат четири грама.

Парче говедско месо vs млеко со 2% масленост

Една шолја млеко со 2% масленост содржи три грама заситени масти, што е двојно повеќе од парче говедско месо од 85 грама.

Пица со сирење vs чипс

Еден триаголник пица содржи 4,5 грама заситени масти, што е повеќе одошто една порција чипс, во којашто има околу 1,5 грама заситени масти.

Путер vs маслиново масло

Во една супена лажица путер има седум грама заситени масти, што е три пати повеќе одошто иста количина маслиново масло, што содржи два грама заситени масти.

Бадемово vs соино млеко

Соиното млеко содржи 1,3 грама заситени масти што е повеќе од бадемовото млеко, коешто воопшто и да не содржи ваков вид на масти.

Варено јајце vs мафини од боровница

Во еден мафин има околу три до четири грама заситени масти, во зависност од големината и состојките, но во просек тоа е двојно повеќе одошто во едно варено или поширано јајце.

Слични содржини