Велигден се приближува, а ние веќе собираме идеи за тоа како да ги бојадисуваме овогодинешните јајца. И покрај изборот на бои, посебни маркери за цртање и т.н, некои луѓе претпочитаат да ѝ веруваат на природата во вапцањето на јајцата.
Онака кажано, како да ги бојадисате јајцата со природни производи? Денес ќе ви покажеме неколку идеи за природно боење на јајца.
За розови јајца ќе ви требаат:
4 чаши црвено цвекло, се сече на големо
2 лажици оцет
1 лажичка сол
1 литар вода
Измешајте ги сите состојки во тенџере и оставете ги да зовријат. Кога цвеклото ќе пушти убаво од бојата, може да го извадите од тенџерето и да ги ставите јајцата. Потоа вратете го тенџерето на топлина за 12 минути. Промешувајте повремено, за да се добие рамномерно боење.
За жолти јајца ќе ви бидат потребни:
4 лажици прав куркума
2 лажици оцет
1 лажичка сол
1 литар вода
Сите состојки се ставаат во тенџере, кое треба да врие на тивок оган околу 30 минути. Откако ќе се излади, може да се стават во неа топлите и веќе варени јајца. Колку повеќе ги држите во куркума, толку посветол ќе стане цветот.
Жолта боја може да постигнете ако варите заедно со јајцата и лушпи од жолт кромид.
За зелени јајца ќе ви бидат потребни:
6 чаши спанаќ , сецкан на големо
1 лажица куркума
2 лажици оцет
1 лажичка сол
1 литар вода
Сите состојки се ставаат во тенџере и се вријат на тивок оган 30 минути.
Потоа извадете го спанаќот и оставете ја течноста да се излади. Ставете ги топлите и варени јајца да отстојат за околу половина час.
За кафени јајца ќе ви бидат потребни:
1 литар многу силно црно кафе, ладно
2 лажици оцет
1 лажичка сол
Комбинирајте ги состојките во голем сад или тава. Ставете во неа варени и топли јајца. Оставете ги за 30 минути.
За сини јајца ќе ви требаат:
4 чаши виолетова зелка , се сече на големо
2 лажици оцет
1 лажичка сол
1 литар вода
Сите состојки се ставаат во тенџере и се вријат во период од 30 минути. Откако смесата ќе се излади, извадете ја зелката и ставете ги жешките тврдо варени јајца за најмалку 30 минути. Ако сакате бојата да биде поинтензивна, при готвење кон зелката може да додадете и сини боровинки.