Како да ги препознаете симптомите на згрутчување на крвта?

од Берта Китинска
584 прегледи

Згрутчувањето на крвта е исклучително редок, но сериозни несакани ефекти од вакцината на АстраЗенека против ковид-19, објавија регулаторите.

Придобивките од вакцината АстраЗенека сè уште ги надминуваат ризиците, соопшти Европската агенција за лекови (ЕМА). Сепак, безбедносниот комитет на агенцијата соопшти дека е важно да се препознаат знаците на можен тромб.

Згрутчување на крвта се јавува кога крвта се згуснува и формира полуцврста маса. Може да биде корисен одговор да се запре крварењето во случај на повреда, но овие блокади можат да создадат проблеми доколку го прекинат протокот на крв во виталното подрачје, пренесува Business Insider.

Згрутчување на крвта може да предизвика блокада на крвните садови во нозете, стомакот и белите дробови. Поголемиот дел од згрутчувањето на крвта поврзано со вакцината АстраЗенека се појави во крвните садови во мозокот. Овие тромби, познати како тромбоза на церебрален венски синус (CVST), може да доведат до мозочен удар, но и смрт.

Досега, повеќето од пријавените тромби се појавија кај жени на возраст под 60 години во рок од две недели по вакцинирањето.

Бидејќи младите имаат поголема веројатност да го доживеат овој несакан ефект, британските регулатори за вакцини препорачуваат луѓето на возраст под 30 години да не ја земаат вакцината АстраЗенека освен ако веќе не ја примиле првата доза на вакцината.

Симптоми на згрутчување на крвта

ЕМА соопшти дека пациентите кои примаат вакцина против-19 на АстраЗенека треба да побараат итна медицинска помош доколку имаат отежнато дишење, болка во градите, оток на нозете, постојана болка во стомакот, невролошки симптоми, вклучувајќи силни и постојани главоболки или заматен вид.

Некои лесни несакани ефекти, како што се болка во местото на пункција или други болки во телото, се чести во деновите по вакцинацијата. Но, ако имате сериозни или постојани симптоми околу четири до 20 дена по вакцинирањето, треба да побарате медицинска помош, според Светската здравствена организација.

Згрутчувањето на крвта обично се третира со антикоагуланси. Компликациите може да се избегнат ако навреме се открие тромб.

Слични содржини