ЕМА: Втората доза на AstraZeneca не треба да се инјектира кај луѓе кои имаат згрутчување на крвта

од Stefanija Kuzmanovska

Втората доза на вакцината на AstraZeneca не треба да се инјектира кај луѓе кои имаат развиено згрутчување на крвта заедно со ниски тромбоцити по приемот на првата доза на вакцината, објави Европската агенција за лекови (ЕМА).

ЕМА издаде препорака како дел од истрагата за ретките, но сериозни случаи на згрутчување на крвта, кои можат да бидат поврзани со вакцинација со AstraZenecа и Johnson & Johnson.

ЕМА испитува појава на крвни згрутчувања во стомакот и мозокот од март и издаде препорака и двете вакцини да стават предупредувачка ознака за проблемите со згрутчување, истакнувајќи дека вкупните придобивки од обете вакцини ги надминуваат ризиците.

Денес, ЕМА објави дека е потребно да се следат знаците на појава на згрутчување на крвта или ниското ниво на тромбоцити во рок од три недели по приемот на првата доза на вакцина произведена од AstraZeneca. Посебна грижа мора да се обезбеди на луѓето со згрутчување на крвта, посочува ЕМА.

Слични содржини