Три дела од телото на кои се гледаат првите знаци на згрутчување на крвта

од Stefanija Kuzmanovska

Згрутчувањето на крвта кое се развива во нашите вени, познато како длабока венска тромбоза, може да биде опасно. Важно е да се обрне внимание на три места на телото.

Ако згрутчувањето во вените се ослободи, тие патуваат низ крвотокот и може да се заглават во белите дробови и да го блокираат протокот на крв.

За да го спречите ова, треба навреме да ги препознаете згрутчувањата на крвта.

Длабоката венска тромбоза најчесто ја зафаќа најголемата вена која минува низ мускулите на долниот дел од ногата и бутот, па првите знаци на згрутчување можат да се забележат токму во овој дел од телото.

Според лекарите, згрутчувањето најчесто може да се забележи на листовите, зглобовите или бутовите. Тие можат да се манифестираат како тапа болка и/или оток, пишува „Експрес“.

Внимавајте и на симптоми како што се отежнато дишење, болка во градите и грчеви. Доколку почувствувате некакви симптоми, особено ако страдате од проширени вени, обратете се кај вашиот лекар.

Слични содржини