Како да излечите мамурлак во зависност од тоа што сте пиеле?

од Elena Daskalova
385 прегледи

Мамурлакот можете да го излечите со банана, со богат масен појадок, со јатки, па дури и со антихистаминик, но сето тоа во зависност што сте пиеле.

Различни видови алкохол предизвикуваат различен мамурлак, па во продолжение прочитајте како можете да се излечите зависно од тоа што испивте:

Бело вино

Премногу бело вино предизвикува процес сличен на воспаление, па засилено се произведуваат бели крвни зрнца. Обидете се полека да изедете банана, бидејќи калиумот ќе го смири диуретичкиот ефект на виното. Ако сте пиеле зрело, отстојано вино, можна е реакција слична на алергиската. Во овој случај ќе ви помогне таблетка против алергија, која ќе ги смири хистамините. Доколку не ви се ризикува, измешајте малку ѓумбир во млака вода и пијте бавно, голтка по голтка.

Џин-тоник

Поради мешавината на алкохол и газиран сок, потребно е да го смирите иритираниот желудник. Направете го тоа со солени интегрални кекси кои ќе ги регулираат електролитите, испијте чај од ѓумбир и изедете едно парче препечен леб со малку мед.

Пиво

Мамурлакот од пиво лесно се лечи со појадок богат со масти и протеини, како што се варените јајца и авокадото на парче леб. Можете да земете и дополнително витамин Б и да испиете една до две чаши чај од камилица или од нане.

Шампањско

Поради тоа што е пенливо и лесно ни се чини дека нема многу да нè опие, но тоа е далеку од вистината. Напротив, шампањското може да предизвика главоболки од епски размери. Најдобар лек е кока-кола со малку шеќер, за да се запре апсорпцијата на алкохолот, како и парче месо испечено на скара.

Овошно вино

Овошните вина може да предизвикаат непријатна подуеност. Испијте чај од ѓумбир засладен со шеќер или мед, а потоа подгответе пилешка супа, за да надоместите за електролитите.

Слични содржини