Како да разговарате со вашето куче?

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Научниците од Универзитетот во Њујорк го потврдија она што го знаеме подолго време – мора да разговараме со нашето куче како да е човек. Но, постојат некои мали специфики за кои треба да сме свесни.

Комуникацијата со миленичето е исклучително важна за односот меѓу нас и ја подобрува неговата концентрација. Кучињата треба да слушнат ритмички говор во кој внесуваме емоции за да можат да се поврзат со неа.

Често кога зборуваме на нашето куче како на дете, мислиме дека тоа на тој начин ќе се приврзе повеќе за нас. И тоа ни се чинеше нормално, бидејќи до сега немаше конкретни студии за тоа како говорот навистина влијае на малите и постарите кучиња.

Според најновите истражувања за ова прашање, кучињата посветуваат поголемо внимание на луѓето кои зборуваат со нив на тој детски начин, колку и „лигаво“ тоа да изгледа. Тие, исто така, имаат тенденција да поминуваат повеќе време во ваше друштво. Емоционалното зборување во овој случај не значи да се караме, туку обратно.

Кога комуницираме со кучето, ние треба да користиме не само повисок и потенок глас, туку и многу рачни гестови. Ова, исто така, го подобрува односот меѓу нас. Дури и доброто старо „дај шепа“ функционира. А ако сме понапредни, може да се обидеме со трите чаши и „пронајди го топчето“. Можеби ќе бидеме изненадени од нашето милениче.

Важно е говорот да содржи зборови и изрази кои им се познати на кучињата. „Гладен си?“, „Сакаш да шетаме?“. Кога им ги поставуваме на нашите миленичиња истите прашања, тие го препознаваат ставот во нашите зборови и тоа ги прави поприврзани за нас, пишува „Дејли Мејл“.