Како да се вратите во форма по завршувањето на летото?

од desk2
319 прегледи

Пролетниот период е најчесто оној период во годината кога се одлучуваме за промени во животните навики, особено кога станува збор за тренингот и исхраната и тоа само затоа што сакаме подобро да изгледаме во костимот за капење. Но, летните месеци и одењето на годишниот одмор неретко водат кон враќање на вишокот килограми.

Летото е идеално време за опуштање, но исто така е и идеален период за покачување на тежината. Вие уживате во вкусните морски деликатеси и во останатата храна, десерти и пијалаци па затоа и тоа често се одразува на вашата тежина.

Но, не грижете се, губењето на летните килограми најчесто е многу лесно бидејќи се работи за насобрана вода како последица на премалку движење. Тоа што прво треба да го направите откако ќе се вратите од одморот е квалитетна детоксикација на телото. Кој метод ќе го одберете целосно зависи од вас, но дефинитивно не можете да згрешите со детоксикацијата базирана на овошје и зеленчук. Освен тоа што ќе ги исфрлите токсините, вие ќе го обогатите вашето тело со хранливи материи.

По детоксикацијата потребно е да ја урамнотежите исхраната и да избегнувате мрсна и пржена храна, како и десерти во прекумерна количина. Вкусната здрава храна денес е подостапна од кога било порано благодарение на многубројните креативни рецепти, па причина за нејзино избегнување навистина нема.

И за крај, најважното нешто е физичката активност. Зависно од тоа колку килограми сакате да изгубите, потребно е да го прилагодите и интензитетот на вежбањето. Покрај лесното вечерно трчање, сигурно не можете да згрешите и со вежбите дизајнирани за домашниот простор. Па, ако сте подготвени, погледнете го видеото и почнете со вежбање уште сега!

Слични содржини