Некој ги сака, а некој не, но сите понекогаш треба да изгледаме хорор филм, се препорачува за здравјето.

Замрачена соба, кревет, ќебенце и чекање нешто да ни излезе на екранот и чессно да не преплаши, има свои предности, тврдат научниците.
Се работи за трошење калории и подобро расположение, покажа нивната студија на Универзитетот во Вестминстер.
Истражувачите на луѓето им пуштале различни, страшни филмови и го следеле срцето, внесот на кислород и ослободувањето на јаглероддиооксидот.
Откриле дека кога се изложуваме на нешто страшно, во човечкиот организам се испушта адреналин кој ја покренува реакцијата на нашиот нервен систем „бегај или бори се“.
Кога оваа реакција ќе се покрене, телото почнува да троши вишок маснотии за да собере енергија, а отпушта шеќер во крвта, што го тера метаболизмот побрзо да го троши шеќерот.