Како хороскопските знаци реагираат на карантин и самоизолација?

од Elena Daskalova

Малку забава во овие денови сигурно нема да ни пречи, а ако се препознаете во некој од описите, веројатно и ќе си го подобрите расположението.

А веќе на сите ни е јасно дека доброто расположение го подобрува имунитетот. Па, зошто да не? Прочитајте како реагира секој хороскопски знак на карантинот:

Овен

Овните за време на карантин почнуваат да вадат од подрум и скриени агли од домот предмети кои веќе ги заборавиле дека ги имаат. Покрај храна, имаат и залихи на оружје, исто како да треба да преживеат во скривница.

Бик

За Биковите ова е глупост и тотално полудува седејќи дома. Мисли дека светот одлепил, но реалноста го погодува кога на интернет ќе ги види потресните сведоштва и празните полици во маркетите. Од тој момент, со фул опрема, дежура пред продавници и готви пет пати на ден.

Близнаци

Нив мора да им се објасни дека карантин не значи дека треба да организираат журки и собиранки со пријатели. Потоа малку ќе ги фати меланхолија, но по некое време ни самите нема да сакаат да излезат од изолација од што им е комфорно.

Рак

За Раковите оваа изолација е божји дар, конечно се на местото каде најмногу сакаат да бидат, дома, а и во исто време немаат потреба од физички контакти и тоа многу им олеснува. Одвреме-навреме помислува како им е на оние кои треба да излезат од дома.

Лав

Се повлекува сам, со своите залихи и потоа парадира низ собите, низ дворот, низ скалите во влезот, а по некое време добива идеја да снима видеа како страда или да отвори блог и да води дневник кој очекува дека сите ќе го прочитаат.

Девица

Девиците ќе ги најдете со точен список на производи потребни за самоизолација, како и со секогаш прецизен податок каде има попуст на кој продукт. Дури и храната со која располага дотогаш ја распределува за наредни денови со математички точна прецизност.

Вага

Вагите веројатно ќе се затворат во кујна и ќе треба постојано да ги опоменувате дека залихите на намирници може да ви требаат за подолго време, а не само за два-три дена. Но, кој може, слободно нека се обиде да ги запре.

Скорпија

За нив карантинот е она што го нарекуваат „кец на десетка“. Мислеа дека можат да се изолираат со една личност, па да имаат неколку врели денови и после светот да се врати во нормала. Малку се разочарани што не е баш така.

Стрелец

Штом тој е во карантин, тогаш е свесен дека нештата излегле од контрола. А и видете колку е убаво надвор, зошто мора во изолација? Вирус? Па има многу вируси. Нов? А, па добро, ќе се снајдеме. По кратко време се прилагодува.

Јарец

Карантинот му ги уништи сите професионални аспирации и поради тоа е многу, многу бесен и вон контрола. Се однесува како полуден, додека некој од домашните не се изнервира и да го доведе во ред.

Водолија

Уште еден вирус што ќе го преживее, не се грижи многу, слуша совети и си се посветува себе. Но, по некое време станува екстремен во експериментите како што се стоење на раце и екстремни вежби.

Риби

Се освестуваат дури во текот на третиот ден, кога сите ги одбиваат за кафе и дружење. Тогаш седнуваат збунети и не знаат што да прават со себе. За среќа, секогаш постои опцијата да поработат и да поспијат.

Слични содржини