Подземен бункер со големина од 7.200 квадратни метри се протега на две етажи, а конструиран е така што во него луѓето може да живеат до 10 години без да излезат на површината.

Oppidum е името на најголемиот приватен бункер кој гарантира преживување од повеќе апокалиптични сценариа, вклучувајќи и нуклеарен напад. Се наоѓа во рамки на монументален комплекс кој се простира на 30.000 метри квадратни во мирна чешка долина на место на поранепен воен комплекс.
Подземниот бункер е опремен со базени, спа зони, вински подрум, градина со симулирана природна светлина, киносала, библиотека, конференциска сала, преациска сала и команден центар кој е поврзан со надворешниот свет.
Градбата на бункерот почнала во 1984 година како таен проект на Чехословачка и СССР, но последните неколку години ја презеде чешкиот бизнисмен Јакуб Замразил, и потполно е преуреден за да одговара на потребите на модерните милијардери.
Замразил наводно е во преговоси со неколку клиенти во врска со продажбата, но не сака да ја открие цената на комплексот. Секако, јасно е дека станува збор за астрономска цифра која може да си ја приуштат само еден отсто од најбогатите на светот. Бункерот го нарече Oppidum, збор со латински корен со кој некогаш се опишувале европските утврдувања.
Целиот комплекс е заштитен со најсовремени технолошки системи осмислени и поставени под надзор на пензионираниот генерал Андор Шандор, кој им овозможува на жителите брзо да се спуштат од надземните луксузни резиденции во приватниот бункер за 60 секунди.
Бунјерот е конструиран во него луѓето да може да живеат до 10 години без да излезат на површина. По потреба Oppidum може да се на полни со сите потребни количини нерасиплива храна и вода, со систем за прочистување на водата и медицински материјали.