Како кафето навистина влијае на нашиот мозок?

од Nikola Popovski

Во една нова студија, научниците разгледаа активност на мозокот за да откријат дали кафето влијае на поврзаноста на мозокот на начини што никогаш порано не биле испитувани толку внимателно.

Неврорадиологот Нуно Соуза, претседател на Португалската медицинска школа на Универзитетот Минхо, ја водеше студијата, која беше спонзорирана од Институтот за научни информации за кафето.

Соуза и неговиот истражувачки тим користеле функционална магнетна резонанца или fMRI за да го следат протокот на крв во мозокот и да активираат неврони кај група луѓе кои пијат кафе во споредба со група што не пијат кафе, а самото истражување е спроведено во три држави, пишува „Eat This Not That“.

„Ова е првпат да се проучи влијанието на редовната потрошувачка на кафе врз нашиот мозок со ова ниво на детали“, напишал Соуза во студијата.

Како резултат, Соуза и неговиот тим откриле дека навистина постои поврзаност помеѓу конзумирањето кафе и поефикасен и корисен образец на врски со обзир на моторичката контрола и будноста.

Со други зборови, ако се чувствувате повнимателни откако ќе го испиете утринското кафе, ова истражување потврдило дека пијалокот ги има овие ефекти врз вашиот мозок.

Истражувачите откриле и динамична активност во неколку области на мозокот што сугерира дека кафето може да ја зголеми способноста за учење и фокусирање, како и за обработка и складирање на спомените.

Постои уште една врска што истражувачите ја откриле, а тоа е можеби помалку изненадувачки. Мозокот на учесниците во студијата покажал поголем степен на стрес после пиење кафе.

Се чини дека студијата не истражувала дали кафето или едноставно кофеинот е она што ги донесе овие придобивки, но за оние кои уживаат да пијат кафе, тоа не е од голема важност.

Слични содржини