Иако избегнуваат приватни авиони, постои протокол кој покажува дека се племство.
Британското кралско семејство веројатно е едно од најпознатите на светот, а за нивните животи многу се зборва.. Сите знаат дека тие патуваат со комерцијални летови, а не со приватни авиони, За посадата на вионот, во кој ќе летаат, тоа значи големи подоготовки за кралското семејство да биде задоволно и безбедно.
Принцот Хари и Меган Маркл неодамна беа тема на критики поради постојаното летање со приватен авион, кој многу ја загадува околината, што е спротивно на она за што двојата се залага.
Најмногу критики имаше кога принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се видени во комерцијален лет. По забелешките се очекува и Хари и Меган да се возат во комрцијални летови, но безбедно.
Тие имаат посебен третман, кога летаат меѓу обичните патници. Не чекаат долги редови за испитување на безбедноста и не седат во неудобни столици, како останатите.
На аеродромот имаат посебни простории за чекање каде се извршува пасошка контрола, карти, безбедност… Во овие простории нема пристап никој освен кралицата и нејзините деца, па така дури и принцовите и нивните сопруги мора да добијат дозвола од кралицата.
Авио-компаниите порано дознаваат дека кралското семејство ќе лета во нивни авион за да имаат време да се подготват. Протоколот се менува во зависност од тоа кој член на семејството патува. АКо патува кралицата, се повикуваат искусни работници кои точно знаат како треба да се однесуваат.
Семејството патува во прва класа и тогаш се трудат да го избегнат качувањето на сите други дури и на посадата, освен ако не се задолжени за тоа.
Членовите на кралското семејство не чекаат во ред и не мора да поминат пола аеродром за да стигант до авионот. Нив ги довезуваат и одвезуваат со автомобил до и од влезот. , а сами бираат дали тоа ќе биде пред или по качувањето на сите други. Често седат на места нјаблиску до вратата, за да бидат први во случај да треба да се излезе, пишува „Cheat sheet“.