Како Синди Крафорд и Наоми Кембел зборуваат за Џорџ Мајкл: Објавена нова снимка од документарецот

од Vladimir Zorba

Објавено е новото видео од претстојниот долгометражен документарен филм за Џорџ Мајкл, насловен „George Michael Freedom Uncut“. Во него се појавуваат Елтон Џон, Марк Ронсон, Жан Пол Готје, Синди Крафорд, Наоми Кембел и други познати личности за влијанието на песната и видеото „Freedom! ’90“ во режија на Дејвид Финчер.

– Видеото кажа се. Тоа беше генијална и револуционерна работа – изјави Жан Пол Готје.

За легендарното видео проговори и манекенката Наоми Кембел која беше дел од него.

– Џорџ ми ја претстави (идејата за видеото) во Лос Анџелес и неговите точни зборови беа: „Ти си водач на бандата и ако не кажеш да, другите девојки нема да го сторат тоа“ – рекла Наоми.

Документарецот е раскажан од Џорџ Мајкл кој работел на овој проект пред да умре на 53-годишна возраст на католички Божиќ на 25 декември 2016 година. Мајкл работел на филмот во соработка со корежисерот, продуцентот и пријателот Дејвид Остин.

Други соработници на документарецот се Стиви Вондер, Рики Џервејс, Нил Роџерс, Лијам Галагер, Мери Џеј Блајџ, Тони Бенет, Џејмс Корден и Трејси Емин, пишува NME.

Синопсисот на документарецот гласи: „Шокантна и трогателна почит кон наследството на еден од најголемите британски изведувачи, во неговото последно дело Џорџ Мајкл го враќа наративот за неговата кариера, личен живот и контроверзност во соработка со ко-режисер, продуцент и пријател. Дејвид Остин“.

„George Michael Freedom Uncut“ ќе биде премиерно прикажан како глобален кино настан на 22 јуни.

Погледнете го видеото:

Слични содржини