Три години подоцна, на истиот ден, починала сестра му на Џорџ Мајкл

од Elena Daskalova

Мелани Панајоту, сестра на покојниот пејач Џорџ Мајкл, починала на 55-годишна возраст, точно три години откако почина тој.

Нејзиното тело го пронашла фризерката. Мелани починала во својот стан Лондон. Со Џорџ биле многу блиски, а постојано патувала со него на турнеи. Во ноември го промовираше филмот „Последниот Божик“, инспириран од истоимената песна.

Притоа, им се заблагодари на сите обожаватели на Џорџ Мајкл, кои несебично ја даваат поддршката и не забораваат на него дури ни по смртта.

Џорџ Мајкл почина во 2016 година, на 53-годишна возраст, во својот дом во Оксфордшир.

Слични содржини