Сите кои веруваат во хороскоп сигурно некогаш се прашале дали тоа може да помогне во откривање на идеален партнер. Во однос на месецот во кој сте родени може да откриете каков маж ви е потребен

Јануари
Мажот за вас кога-тогаш ќе се појави, а ќе го препознаете по силните амбиции и љубовта кон работата. Затоа што и вие сте такви. Си ги знаете соништата и сигурно чекорите кон нивно остварување. Затоа ви треба некој што ќе може да трча со вас и да ви биде поддршка.
Февруари
Со оглед на тоа дека сте непредвидливи и полни живот, потребен ви е трпелив, но истовремено и љубопитен маж. Некој кој ќе ве сака и кога сте во расположение да тргнете на непознат пат и кога сте тивки, замислени и ранливи.
Март
Заслужувате некој што ќе ве третира како што заслужувате. Со оглед на тоа дека сте некој што сочувствува со другите, дека сте искрени и паметни таков мора да биде и вашиот совржен маж. Бидете трпеливи и ќе дојде оној кој ќе ве стави на прво место, кој ќе ги обожува вашите особини и нема да му падне на памет да ве искористи.
Април
почекајте да се појави оној ќој че се заљуби во вашата едноставност. Од неа многумина побегнале и моногумина се плашеле што не сакате да ги криете емоциите, но окој кој е вистински за вас ќе биде доволно самоуверен да остане.
Мај
Ви треба некој кој може да го следи вашето темпо. Како исклучителна личност со фокус, мотив и страст, не ви треба некој што ќе каска зад вас. Сосема е во ред ако секој од вас води посебен живот, но во исто време сте тука еден за друг.
Јуни
Ви треба некој на кого нема да му биде проблем емотивно потполно да се отвори и кој нема да се плаши од својата ранливост. Секако тоа подразбира да не му бидете некому рамо за плачење или да поправате она што другите во животот му го распале. Вам ви е потребен некој што ќе ве сака како вие него.
Јули
Ви треба маж кој ќе обажава се она што сте вие. Природата ви е таква да прилекувате се околу себе, па заслужувате некој кој е доволно сигурен во себе и тоа нема да му пречи. Не ви треба некој што ќе ви рече да сопрете малу, за тој да се чувствува подобро.
Август
За вас е некој кој ќе биде искрен, кој ќе ви каже и она што не сакате да го слушнете. Вашата личност е пример за многумина и имате карактер на лидер, затоа ви е потребен некој доволно силен кој нема да ви дозволи да правите се што сакате, особено да газите преку него. Што не значи дека нема да е горд на вас. Едноставно, ќе ве држи во рамнотежа.
Семптември
Никогаш не сакате да престанете да учите нови работи и да стекнувате нови искуства. Затоа ви треба партер кој нема да ве кочи во тоа. Но, и некој на кој нема да му биде тешко малку да се потруди за да ве зграпчи.
Октомври
Имате толку многу љубов и добрина што луѓето често ве земаат здраво за готово. Затоа вашиот партнер треба да има исти или слични особини за во животот да ви внесе радост и љубов, а не болка и патење.
Ноември
Многу сте работливи и креативни, но понкогаш знаете да бидете повлечени и тивки. Затоа ви треба маж кој ќе ги сака сите ваши страни и кој секогаш ќе се труди да ве опушто.
Декември
Ви треба некој кој секогаш е спремен за забава. Вие сте ведра личност полна со енергија и ви треба некој кој ќе ве поттикнува да сте такви и да се развувате, а не некој што ќе ве користи. Мажот до вас ќе ја сака вашата духовитост, блескава природа, но да биде доволно сериозен за кога ќе затреба. Пред се, за вас е некој што ќе знае да ве насмее.