Календарот на Путин се продава како алва во Јапонија

од desk2
95 прегледи

Во еден многу чуден тек на настаните, најпопуларниот календар во јапонските продавници не е некој со лицето на јапонски актер, поп пејач, некој од познатите спортисти или пак некое од политичките лица. Баш напротив, најпродаваниот календар е оној со ликот на рускиот претседател Владимир Путин.

Жителите на „земјата на изгрејсонцето“ ги празнат полиците на кои се продава календарот со ликот на Владимир Путин. Според порталот Japan Today, календарот се продава подобро од било кој друг календар откако се појави низ продавниците во средината на септември.

Ова не е првпат календар со ликот на Владимир Путин да се појави на продажните места во Јапонија. Ваквиот календар се појавува веќе неколку години по ред и на него традиционално се прикажани фотографии од рускиот претседател додека тој се занимава со разни активности – од бањање во ладна вода до галење на леопард.