Џонатан Ален и Ина Роџерс се уапсени поради мачење на десет деца, кои ги чувале во неподносливи услови.

Истрагата почнала на 31 март кога полицијата го довела 12-годишниот син кого го пронашле по пријава дека е исчезнат од родителската куќа во градот Ферфелд во Калифорнија, 70 км од Сан Франциско. Детето спиело во грмушки во еден двор во близина на куќата, јави полицијата.
Откако влегле во кучата на Ина Роџерс затекнале девет нејзини други деца, на возраст од 4 месеци до 11 години, како живеат во несигурни и нехигиенски услови. Десетте деца ги презела социјалната служба на округот Солано и сега за нив се грижат други членови на семејството, пишува Washington Post.
Ина Роџерс (30) е уапсена дента за занемарување на децата. по неколку дена уапсен е и 29-годишниот ЏОнатан Ален, кој е татко на повеќе од децата. Тој се товари за девет казнени дела на мачење и шест казнени дела за злоставување на деца.
Властите прв пат излегоа со детали за вознемирувачките услови во кои живееле децата, а соседите се шокирани дека таму воопшто имало 10 деца.
Во шест недели откако е уапсена нивната мајка, осумте постари деца раскажале како ги малтретирале, дека имаат убодни рани, изгореници, модрици и прострелни рани добиени од воздушен пиштол и пушка.
Изјавите на децата доведоа до апсење на Ален, кој на суд рече дека не е виновен, но судијата му одреди кауција од 5 милиони долари.
„Злоупотребата е направена од садистички причини. Врз основа на она што го изјавија децата веруваме дека во овој случај имало мачење“, вели обвинителката.
Состојбата на децата се подобрува.
„Полицаец сум десет години, но ваков случај прв пат гледам, родителите да ги мачат своите деца, ако разбирате што сакам да кажам“, вели еден од полицајците што влегол во куќата.
Ина Роџерс е пуштена од затвор со кауција од 10.000 долари и на репортерите им дозволила да влезат во куќата. Рекла дека таа и сопругот се од уништени семејства и дека сакале големо семејство. Таа работи ноќна смена како ЕКГ техничар, а Ален прави тетоважи. Децата наводно учеле дома.
Таа вели дека прв пат била трудна на 16 години, дека има 11 биолошки деца, а осум од нив се на Ален.

„Не само што имам 11 деца и 30 години туку и ги школувам децата дома. Луѓето не се сложуваат со мојот животен стил. Сеха сите ги преиспитуваат моите родителски права, а имам чувство дека целата ситуација експлодире. Мојот сопруг има многу тетоважи и делува по малку страшно. Затоа луѓето пребрзо го осудуваат, но тој е прекрасен“, вели таа.
Вели дека децата спиеле во иста спална оти така сакале и затоа се многу блиски. Останатите четири спални соби се користени за друго како играње и медитација. Вели дека нивната куќа била ваклана и во неред, затоа што ја превртеле барајќи го 12-годишниот син.
„Беше лут оти се обидовме да му го земеме таблетот“, вели Роџерс.
Сепак, репортерите се увериле дека куќата уште е валкана, ѕидовите удирани, а бањата полна со животниски измет.
Соседите велат дека не знаеле колку точно деца живеат во куќата затоа што постојано ги држеле скриени од погледи. Семејството се доселило таму пред една година.