„Дона“ е насловот на песната со која Калиопи ќе ја претстави Македонија на 61-то издание на Евровизија, кое годинава се одржува во Стокхолм, Шведска.

Kaliopi-1

Песната е авторско дело на Калиопи и Ромео Грил, а на евровизиската сцена ќе биде изведена на македонски јазик. Ова музичко парче пред македонската јавност ќе биде промовирано в понеделник на Првиот програмски сервис на МРТВ во специјално евровизиско шоу со почеток во 20.15 часот.

Инаку, музичката манифестација Евровизија годинава ќе се одржува на 10-тти, 12-тти и 14-тти мај во арената Глоб во Стокхолм, а македонската преставничка ќе ја видиме во втората полуфинална вечер. Конкретниот редослед на настап на секоја од земјите учеснички ќе биде утврден откако ќе заврши средбата на шефови на делегации закажана за 14-тти следниот месец.

Слични содржини