Камчев со болки во градите е префрлен на Кардиологија

од Nikola Popovski

Бизнисменот Орце Камчев е однесен со Брза помош на Клиниката за кардиологија во Скопје, откако тоа го побарале неговите адвокати, објави порталот „А1.он“. Камчев се пожалил на болки во градите, поради што му се прават прегледи.

Бизнисменот веќе три месеци е во притвор, како осомничен во предметот “Плацевите на Водно”, а сега таму ќе остане уште нови 30 дена.

Претходно, Камчев нудеше и гаранција од 1,7 милион евра за да се брани од слобода, но таа му беше одбиена бидејќи според Апелацискиот суд и натаму постои опасноста од бегство.

Кривичниот суд наскоро ќе треба и да го оцени обвинението за “Плацевите на Водно”, кое беше поднесено пред еден месец. Доколку добие зелено светло, тогаш набрзо ќе стартува и судењето.

Слични содржини