Камерун: Исчезнатиот новинар пронајден мртов

од Radmila Tasevska

Според неговиот медиум и анонимен полициски извор, популарниот новинар од радиостаница во Јаунде, Мартинез Зого, кој беше исчезнат неколку дена, е пронајден мртов.

Уредникот на радиото Amplitude FM, каде новинарот работел, рекол дека утрово отишол во Ебого (15 километри северно од Јаунде).

„Го видов и го препознав телото на Мартинез Зог. Присутен беше заменик-обвинителот, а неговата сопруга беше таму да го препознае“, изјави уредникот.

Полициски извор за AFP ја потврди смртта под услов да остане анонимен.

Слични содржини