Камила ја прими вакцината на „АстраЗенека“: Не ни прашав за која вакцина станува збор

од Stefanija Kuzmanovska

Сопругата на принцот Чарлс, војвотката Камила, денес прими вакцина против коронавирусот на „АстраЗенека“. Таа изјави дека не прашала за која вакцина станува збор, бидејќи не ѝ е важно.

„Не прашав ништо, бидејќи не можам да поднесам инекции. Само ги затворив очите и ги оставив да ме вакцинираат“, изјави британската војвотка.

Имунизацијата со „АстраЗенека“ е суспендирана од 13 земји на ЕУ поради извештаи за згрутчување на крвта кај околу 30 лица од вкупно 5 милиони вакцинирани, а Европската агенција за лекови започна истрага, но исто така рече дека не гледа причина за повлекување на претходната проценка дека таа вакцина е безбедна, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини