Камионџија оштети два милениума стари Наска линии

од desk2
148 прегледи

Министерството за култура на Перу соопшти дека камионџијата Хаинер Исус Флорес Виго во саботата со камион влегол во подрачјето на Наска линиите кои се на листата за светско културно наследство на УНЕСКО и со тркалата уништил делови од три линии.

Четириесетгодипниот камионџија уапсен е затоа што наводно ги занемарил знаците за предупредување, но судијата го пушти затоа што нема докази дека тоа го направил намерно, пишува CNN.

Наска линиите, како и покраината името го добиле по народот Наска кој живеел таму меѓу 500 година пред Христа и 650 година.

Овие лини се геолифи, а претставуваат мистерија на ерхеологијата заради својата бројност, одлики, големина и континуитет, а се верува дека имале обредна астрономска улога.

CNN потсетува дека во 2014 година активистите на Гринпис со своите стапала ги оштетиле линиите.