„Кампањата против Спутник V е осудена на пропаст“

од Nikola Popovski

Српскиот министер за иновации Ненад Поповиќ денеска за руските медиуми изјавил дека информативната кампања против руската вакцина „Спутник V“, како и против другите руски лекови за корона е осудена на пропаст.

„Руската вакцина Спутник V го освојува светот и во моментов е најефективната вакцина против коронавирусот во светот. Оние кои се подготвени да ја нападнат вакцината која спасува животи во борбата против коронавирусот, стојат на страната на вирусот и дејствуваат против здравјето и животот на луѓето. Таа кампања беше осудена на пропаст уште од самиот почеток. Русија ќе излезе од тоа уште посилна“, рече Поповиќ.

Тој оценил дека со развојот на вакцината, Русија покажала супериорност на својата наука и способност брзо да реагира на кризи.

„Затоа не ме изненадува тоа што некои светски лобисти сакаат да започнат негативна информативна кампања против руската вакцина“, додаде тој.

Србија била меѓу првите земји што одобрила употреба на вакцината „Спутник V“, а министерот Поповиќ во четвртокот објавил дека производството на оваа руска вакцина во Србија ќе започне до 20 мај.

Претходно денес, неименуван висок претставник на Кремљ изјавил дека Западот подготвува сценарио за информативен напад врз вакцината со фалсификување на голем број смртни случаи предизвикани од нејзината употреба.

Според изворот, нападот е планиран поради зголемената глобална побарувачка на руската вакцина, а мета на антируската информативна кампања ќе бидат европските земји кои одобриле итна употреба на „Спутник V“, вклучително и Унгарија, Словачка , Србија, Црна Гора, Сан Марино и С. Македонија, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини