Повеќе десетици фоки потполно окупираа градче во Њуфаундленд, а сега луѓето се борат за нивните животи.

Фоките го болираа сообраќајот во канадското градче Родикон-Бајд Арм и влезовите во домовите и продавниците.
Има и несреќни случаи, па две фоки угинаа откако ги удрил автомобил, а стручњаците се грижат дека ќе умрат од глад ако не се вратат во океанот.
Канадскиот закон забранува лов, пречење или што било друго со морските цицачи, како фоките.
Тие заталкаа во градчето кога минатата недела замрзнал заливот, па им било оневозможено да се вратат во океанот.
„Жално е да ги гледаш, ништо не јаделе. Оддалечени се 6 до 8 киломтери од океанот и сигурно се многу гладни“, вели градоначалничката Фицџералд.
Се претпоставува дека ги зиненадила брзината на замрзнување на заливот, па се дезориентирале, по што продолжиле кон копното место кон водата.
Се бара начин да се вратат во океанто, но луѓето се предупредени да не им се приближуваат.