Канада води битка со две болести: Повеќе од 40 случаи и петмина мртви од „кравјо лудило“

Во Канада се пријавени повеќе од 40 случаи на мистериозно заболување на мозокот што потсетува на кравјо лудило.

Според ЦБЦ, оваа болест има сличности со реткото и фатално нарушување на мозокот познато како Кројцфелд-Јакоб-болест (ЦЈД) и нејзините варијанти, што е познато и како болест на кравјо лудило.

Но, иако е слична, официјалните лица велат дека тоа не е иста болест.

Здравствените работници во Брај Бранзвик, Канада се обидуваат да разберат како 43 лица се заразиле со болест која е непозната невролошка болест.

Пет лица загинаа, потврдија официјалните лица.

Според ЦБЦ, првиот дијагностициран случај во таа област се случил во 2015 година, но случаите продолжиле да растат со текот на годините.

Во 2020 година биле пријавени 24 случаи, а до 2021 година имало шест случаи.

– Во суштина, ова е нешто ново, мора да разбереме за што станува збор – истакнува неврологот д-р Нил Кашман, пренесува Daily Mail.

Тој исто така забележува дека нема докази што сугерираат дека станува збор за прионска болест како болест на Кројцфелд-Јакоб.

Појавата на дегенеративно заболување на мозокот кај говедата во средината на 90-тите години на минатиот век го десеткуваше британскиот добиток и доведе до колење на 4,4 милиони животни.

Човечкиот вид, болест Кројцфелд-Јакоб, уби повеќе од 170 луѓе во Велика Британија.

Слични содржини