Кантер не добил понуда ниту од еден НБА тим: „Зборував против Кина…“

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Турскиот кошаркар Енес Кантер се пожали дека летово не добил понуди од НБА тимови.

Кантер е кошаркар кој често ги коментира политичките настани во светот, а неодамна остро ја критикуваше кинеската влада.

Бидејќи Кина е голем НБА пазар, Кантер теоретизира дека затоа летово не добил никакви понуди.

„Преодниот рок трае веќе еден месец и во нормални околности досега ќе добиев неколку понуди од НБА. Летово не добив ниту една. Причината? Затоа што зборував против Кина, а Кина е голем пазар за НБА“, изјави Кантер за „Вала“.

„Дозволено ви е да зборувате за било што, се додека не ги допирате нивните финансии. Штом почнете да ги повредувате, тоа е крајот. Тоа е тажно и неприфатливо“, додаде Кантер.

Кантер можеби е во право, но факт е и дека кошарката не им одговара на многу тимови бидејќи играта на тимот трпи дефанзивно кога тој е на теренот.

Меѓутоа, дали има квалитет за место меѓу петнаесетте играчи во еден од 30-те НБА тимови – има.

Ќе видиме и дали ќе добие понуда.