Капут на Елвис продаден на аукција за речиси 150.000 евра

од Nikola Popovski

На аукција во Велика Британија е продаден капутот кој бил направен по нарачка за една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња, Елвис Присли. Капутот е продаден за речиси 150.000 евра.

Капутот од кожа и визон, кој Елвис го носел последните години од својот живот, е продаден во аукциската куќа на „Henry Aldridge & Son Ltd“ во Вилтшир, а го купил колекционер од Америка за околу 148.000 евра, јавува Би-Би-Си.

Аукционерот Хенри Олдриџ претходно проценил дека облеката ќе достигне цена од околу 17.000 евра. Елвис го дал капутот долг 120 сантиметри на братот на својата вереница, Џинџер Олден, пред да почине во 1977 година.

Приложено е и писмо со кое се потврдува автентичноста на палтото, напишано од Розмари Алден Старки, сестрата на Џинџер Олден.

Олдриџ претходно изјавил дека капутот бил купен од клиент на годишна аукција во поранешниот дом на пејачот Грејсленд во Мемфис, Тенеси.

Елвис во капутот од визон за мене е симбол на гламурот од 1970-тите, додал Олдриџ.

Слични содржини