Каракачанов: Не напишав дека имињата се на функционери од ДПМНЕ, но се препознаа, а има уште интересни имиња на листата

Министерот за одбрана и потпретседател на бугарската Влада, Красимир Каракачанов, во ексклузивна изјава за порталот Трибуна истакна дека тој никаде не напишал дека имињата што ги објави денеска на својот фејсбук профил се имиња на функционери и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Каракачанов додава дека се зачудил на бурната реакција од страна на одредени луѓе кои се нашле повикани да реагираат на неговиот фејсбук статус.

„Јас никаде не сум кажал или напишал дека имињата што ги објавив се на македонски пратеници или функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Едноставно тие имиња мене ми зборуваат нешто. Не знам зошто се случуваат тие бурни реакции. Не сум рекол дека тие се пратеници, но од ДПМНЕ се препознаа. Секој може да влезе во избирачките списоци во Бугарија и да види дали тие имиња ги има таму. Тоа не е тајна информација и секој може да ја провери. Повторувам дека не тврдам дека тие имиња што ги објавив се пратеници или функционери на ВМРО-ДПМНЕ, но морам да кажам дека во избирачките списоци за претстојните избори во Бугарија има уште многу интересни имиња. Секој кој што сака да се позанимава истите може да ги види објавени на интернет од страната на Централната избирачка комисија без никаков проблем“, изјави за порталот Трибуна министерот за одбрана и потпретседател на бугарската Влада, Красимир Каракачанов.

Слични содржини