Џејмс Карвил, еден од најпознатите аналитичари на Демократската партија, во интервју за „The Hill“ изјави дека „администрацијата на Доналд Трамп ќе го изгуби влијанието за 30 дена“. Карвил смета дека администрацијата на Трамп е веќе во криза.
„Верувам дека оваа администрација, за помалку од 30 дена, е во средина на масовен колапс, особено кога станува збор за јавното мислење” изјави Карвил.
Карвил смета дека поддршката за Трамп паѓа според најновите резултати од анкетите. Тој верува дека за околу шест недели Трамп ќе биде „лесен плен“.
Според анкетите, тврди Карвил, поддршката на Трамп ќе падне од 50 на 30 отсто. Тој смета и дека не верува оти републиканците ќе можат да гласаат за пакет мерки за намалување на националниот долг преку процесот на буџетско усогласување.
,,Во првите денови од неговиот мандат, администрацијата на Трамп почна да ги намалува федералните трошоци преку Одделот за владина ефикасност, на чело со Илон Маск, сопственик на Тесла. Исто така, Соединетите Држави направија голема промена во надворешната политика кога претседателот Доналд Трамп јавно го навреди украинскиот претседател Володимир Зеленски” смета Карвил.