Катастрофа во САД: Речиси 220.000 новозаразени

од Nikola Popovski

Во САД се регистрирани скоро 220.000 новоинфицирани со коронавирус во претходните 24 часа, што е близу до најголемиот број регистрирани во последните денови.

Во исто време, скоро 2.500 луѓе починале од тешките последици, според ажурираните податоци објавени од Универзитетот Џон Хопкинс денес, во 20.30 часот по локално време.

Американските здравствени власти го очекуваа овој скок на заболени лица по патувањата на милиони Американци по повод Денот на благодарноста пред десет дена, и покрај повиците да останат дома.

Повеќе од 100.000 луѓе се моментално хоспитализирани поради коронавирус во САД.

Американците, кои се соочија со огромно зголемување на заразени во последните неколку недели, сметаат на претстојното одобрување на вакцината против вирусот корона.

Вакцината произведена од лабораториите „Фајзер“ и „Бионтек“ може да добие одобрување во наредните денови, а вакцината на „Moderna“ следната недела.

Во САД, од почетокот на пандемијата, 15 милиони луѓе се заразени со Ковид-19, а 286 000 починале како резултат на болеста.

Слични содржини