Денес продолжуваат напорите за обновување на електричната енергија во областите на Халкидики, кои беа погодени од моќна бура во средата вечерта, во која загинаа седум лица и предизвика повреди на десетици други, пишува „Катимерини“.

Процесот на проценка на штета на обработливото земјиште, станбени и трговски друштва заради плаќање надомест е надгледуван од Панајотис Теодоракис, министер за внатрешни работи, и министерот за развој на земјоделството – Макис Вуридис.

Теодорикакос рече дека 500.000 евра ќе бидат доделени како итна помош на општините Неа Пропонтида, Касандра и Ситонија, за да може штетите на инфраструктурата, да бидат поправени веднаш.

Кризата е првиот вистински тест за владата на премиерот Киријакос Мицотакис, истакнува „Катимерини“. Генералниот секретаријат за цивилна заштита и регионалните власти во северна Грција се во состојба на тревога од средата вечерта откако Националната метеоролошка служба предупреди за силни ветришта во централна и северна Грција.

Вчера на Халкидики беше прогласена вонредна состојба. Мицотакис ги откажа сите планирани состаноци за да може да биде во постојан контакт со ресорсните министри, објави изданието.

Инспекторите беа испратени вчера за да се процени штетата на плантажите и инфраструктурата. Премиерот Мицотакис му нареди на портпаролот на владата, Стелиос Петсиас, да ги преземе сите неопходни мерки за да обезбеди целосно функционирање на европскиот број за итни случаи 112.

Слични содржини