Катругалос и Мелескану организираат во Брисел појадок на 18 март за пријателите на Северна Македонија

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Шефот на грчката дипломатија Јоргос Катругалос заедно со Теодор Мелескану, министерот за надворешни работи на Романија, земјата претседавач на ЕУ, организираат појадок на пријателите на Северна Македонија на 18 февруари во Брисел, a на кој ќе учествува и Никола Димитров, брифираат грчки дипломатски извори за МИА, јави дописничката од Атина.

Поканите до шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ се од министрите за надворешни работи на Грција и Романија, кои се и организатори.

Појадокот на пријателите на Северна Македонија ќе се одржи в понеделник на 18 март, пред Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел.