Казнети 124 возачи во Центар и Илинден, 17 од нив биле во алкохолизирана состојба

од Nikola Popovski
165 прегледи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден (30.01) продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

„На териториите на Општина Центар и Општина Илинден изречени се вкупно 124 мерки, од кои 11 за брзо возење, 20 за возење без возачка дозвола, 4 за нерегистрирани возила, 17 за возење под дејство на алкохол и 6 за минување на затворен семафор (црвено светло). Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, стои во соопштението на полицијата.

Слични содржини