Казнети над 600 лица за неносење маски

од Берта Китинска
139 прегледи

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 643 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Во моментов во земјава како активни се водат 2.323 случаи на заразени со коронавирус. Од нив, во седум македонски градови има над 100 заразени.