Казни за 133 возачи во Скопје

од Stefanija Kuzmanovska
152 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, при контроли во областа на сообраќајот на територија на град Скопје изрече вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се и пет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за нерегистрирани возила.

Од МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и посигурни патишта.

Слични содржини