Ќе биде избран претседател на Собранието-Апелираме да престане безобразното кршење на Деловникот од страна на ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Денес граѓаните се сведоци кој сака да ја продолжи кризата и да ја држи во заложништво Република Македонија и сите нејзини граѓани. Реплицирањето сами на себе е кршење на Деловникот на Собранието на Република Македонија. Очајот кој го покажува малцинството во Парламентот и стравот кој се гледа кај Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ од одговорноста која следува за сите криминали е премногу дури и за ВМРО-ДОПМНЕ.

 

Парламентарното мнозинство има обврска кон граѓаните да не дозволи натамошно блокирање на демократските процеси, вклучително и ова блокирање на Собранието.

 

Ако дозволиме ова блокирање да продложи додека Груевски се сонча на Малта и ги шета Мајбах наочарите, за кратко време ќе колабира системот. Студентите ќе немаат стипендии, земјоделците ќе немаат субвенции, пензионерите ќе немаат пензии, администравците нема да земаат плата. Домашната економија и фирмите не можат повеќе да се борат со неликвидноста бидејќи се во ненормално тешки услови за своето функционирање.

 

Како што реагиравме процедурално по Деловникот, така и со оваа прес конефренција уште еднаш апелираме, веднаш да прекине дрското и безобразно кршење на Деловникот преку неделовнички реплики сами на себе. Очигледно е дека единствената платформа на ВМРО-ДПМНЕ е уништување на Македонија и интересите на нејзините граѓани.

 

Должност на парламентарното мнозинство е да ја преземе одговорноста и да избере претседател на Собранието. Во секој друг случај ќе бидеме соучесници во разнебитувањето на Македонија.

 

Напоменуваме, имаме парламентарно мнозинство и тоа ќе ја исполни својата обврска.

Одговори на новинарски прашања на прес на СДСМ во парламентот:

 

П1: Ваквата ситуација може да трае со месец. Што ќе превземете вие за да дојде до одблoкирање на Законодавниот дом?

 

Согласно одредбите од Деловникот веќе поднесовме барање за избор на претседател на Собранието со поддршка од 20 пратеници. Дискусијата по оваа точка станува безпредметна бидејќи и комисијата и не мора да се избере, треба веднаш да се прејде на избор на претседател на Собранието.

 

П2: Ќе побарате веднаш да се прејде на избор на претседател?

 

Веќе поднесовме преку архивата барање денеска.

 

П3: Што значи тоа за оваа седница? Тоа значи дека продолжува понатаму?

 

Знаете, кажавме. Очигледен е стравот од одговорноста. Надвор од секоја логика ВМРО ДПМНЕ побара мнозинство во комисијата и доби. Надвор од секоја пракса и логика ВМРО ДПМНЕ побара претседател на таа комисија да биде Илија Димовски и сега ВМРО ДПМНЕ го блокира изборот токму на Илија Димовски за претседател на таа комисија со неделовничко однесување и реплицирање самите на себе. Тоа доволно зборува колкав е стравот и очајот во којшто се наоѓа Никола Груевски и криминалното раководство во обид да избегаат од одговорноста којашто неминовно им следи.

 

П4: Имате ли некој рок до кога ќе чекате оваа ситуација?

 

Кажавме ние го имаме парламентарното мнозинство, нема да бидеме соучесници во уништувањето и разнебитувањето на Македонија и ќе превземеме одговорноста што ја има едно парламентарно мнозинство.

 

П5: Имате ли план како ќе се справите со блокирањето евентуално на комисијата? Тоа може да биде во недоглед бидејќи таму нема ограничување на дискусиите?

 

Работата на комисијата е беспредметна бидејќи веќе постои предлог од 20 пратеници за избор на претседател на Собранието.

 

П6: Кој е вашиот кандидат за претседател на Собранието?

 

Талат Џафери.

 

П7: Што значи тоа дека парламентарното мнозинство нема да учествува?

 

Во наредните денови ќе бидете сведоци, ќе ги превземеме сите законски, деловнички можности што ни стојат на располагање да ова неделовничко однесување на ВМРО ДПМНЕ прекине.

 

П8: Дали Талат Џафери е кандидат и на БЕСА?

 

Кажав дека 20 пратеници се потпишани. Тоа е преку архивата, мислам дека преку службите ќе можете да видите кои се потпишани.

 

П9: Велјановски тогаш има обрвска да ја свика таа седница?

 

Работата по комисијата станува беспредметна бидејќи таа комисија нема никаква улога во овој момент во Собранието. Бидејќи во овој момент единствената улога на таа комисија беше на Собранието да му предложи кандидат за претседател на Собранието. Бидејќи е беспредметна нема потреба ни да се одлучи ни да се дискутира понатаму по оваа точка.

 

П10: Ние зборуваме за седницата со 20-те потписи?


Таа спаѓа под четвртата точка на дневен ред, избор на претседател. Можеме, согласно Деловникот да избереме претседател на Собранието, со поддршка од 20 пратеници.

 

П: Колку има рок Вељаноски да го свика Собранието со тие 20 потписи?

 

Седницата веќе е во тек. На оваа седница, како четврта точка.

 

П: Ама еве, се расправа сега за комисијата и тоа може да биде до недоглед.

 

Очигледно е дека комисијата е беспредметна и дека дискусиите за избор на таа комисија, којашто токму ВМРО-ДПМНЕ ја побара, и по бројност, и по состав, и по претседател, се беспредметни. Бидејќи веќе имаме еден нов предлог согласно Деловникот.

 

П: ВМРО-ДПМНЕ вели дека е демократско право да се разговара за сите прашања. Како со тоа ќе се справите?

 

Прашањето по коешто моментално се дискутира, е прашање за состав на комисијата. Работата на комисијата е беспредметна имајќи во предвид дека претседателот на Собранието, може да се избере со поддршка од 20 пратеници, без мислење на комисијата.

 

П: Како ќе ја прескокнете третата точка? 

 

ВМРО-ДПМНЕ е должно да престане со ова неделовничко однесување коешто ја разнебитува Македонија. Ние, како парламентарно мнозинство, имаме одговорност да го прекинеме тоа разнебитување на оваа држава.

 

П: Ќе учествувате, ќе продолжите сега на седницата?

 

Гледате дека се обидуваме да го донесеме ВМРО-ДПМНЕ до апсурд, гледате дека имаме флагрантно кршење на сите деловнички, парламентарни, обичајни норми, кадешто си реплицираат самите на себе, за прашање коешто повеќе нема совршено никаква улога во изборот на претседател на Собранието.

 

П: Вие баравте да нема прекинување на дебатите на пратениците. А сега викате дека треба да се прекинат?

 

Значи, дебатираме за точка која е небитна. Еве го Илија Димовски е тука позади, веројатно ќе си земе збор. Сакаше да има мнозинство во  комисијата, доби мнозинство. Сакаше да биде претседател, доби претседател. Прашајте го Илија Димовски зошто неговата пратеничка група одбива да го гласа за претседател на таа комисија. Ние бевме спремни да учествуваме во работата на комисијата, онака како што беше договорено на изминатите координации. Очигледно е дека целта е да се избегне одговорност за криминалите и да се блокира процесот во Собранието. Бидејќи така одбраа, преминавме на вториот деловнички начин, а тоа е избор на претседател на Собранието. На таа точка може да дебатира секој пратеник онолку колку што сака. Незаконски, неделовнички е реплицирањето на пратеник од иста пратеничка група, на сопствен пратеник.

 

П: Ама пак немате излез сега во конкретниот случај. Ќе свикате ли некоја координација, ќе се договорите ли? Или секој по свое ќе тера?

 

Тоалет хартија логиката на функционирањето на ВМРО-ДПМНЕ очигледно овде продолжува да важи. Во блиска иднина ќе мора да се соочат и да си ги забришат со таа тоалет хартија своите солзи.

 

П: Дали ќе се вратите на седницата, дали ќе учествувате? 

 

Да, продолжуваме со работа, со тоа што е беспредметна понатаму работата. Апелираме уште еднаш ваквото грубо кршење на Деловникот од страна на ВМРО-ДПМНЕ, да престанат да си реплицираат. Нека дебатира секој пратеник онолку колку што му следи согласно Деловникот, немаме проблем со тоа. Иако, напоменувам повторно, точката е беспредметна, бидејќи функцијата на формирање на комисијата беше да таа комисија достави до Собранието, предлог за избор на претседател. Бидејќи веќе има предложен претседател, бирањето на самата комисија е беспредметно.