Актерката Кетрин Зета-Џонс е една од оние за кои годините се само бројка. Иако во септември ќе наполни 52 години, несомнено е дека на нејзиниот стил, физички изглед, но и харизма би ѝ позавиделе двојно помладите колешки.
Таа неодамна позираше во својата бања, каде што малку заводлив, ја извади едната нога од својата свилена наметка, покажувајќи ја уште еднаш својата сексапилност.
Сепак, Кетрин открила нешто на таа фотографија, што сепак го покажува точниот број на нејзините години, а тоа е сивата коса.
Без разлика дали не успеала да оди на фризер или едноставно решила да не ја крие повеќе, на фотографијата јасно може да се види дека нејзината црна коса е прошарана со сиви влакна.
Во секој случај, тоа е само нешто што го комплетира нејзиниот шарм.
View this post on Instagram