Истражување спроведено на 6.000 самци во 11 земји од светот покажало дека мажите „паѓаат“ на една необична вештина на жените.

Многумина би помислиле дека станува збор за готвење, чистење и слично, се работи за познавањето што повеќе различни јазици.
Студијата ја спроведе мобилна апликација за учење странски јазици Babble и докажува дека сме сестрани, заинтересирани за усвојување нови знаења и вештини, и дека сакаме да работиме на себе. Знаење странски јазик е знак и за интелигенција, а таа најчесто се бара кај партнерот.
Меѓу трите најатрактивни јазици на испитаниците во истражувањето се наведени француски, италијански и шпански јазик.