Ќе се стоплува велат прогнозите

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м 2 ): 3 Дојран, Гевгелија, Кр. Паланка, 4 Крушево, 5 Струмица, Д. Капија, 6 Охрид, Прилеп, Тополчани, 10 Штип, Тетово, 11 Дебар, 13 Пожаране, 27 Лазарополе, Маврово.

Времето денес (01.05 2017 год.): Сончево и потопло со мала до умерена облачност, попладне со локален краткотраен дожд и ретки грмежи особено во планинските региони и повеќе на западот. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени. Метеоролошки параметри за Скопје: T= 25 °C, P= 977 hPa, U= 42 %, V= 3 m/s. (Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

 

Времето во наредните денови не се очекува значителна промена на временската состојба. Предпладне ќе преовладува малку до умерено облачно и релативно топло време за овој период од годината, но во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален краткотраен дожд, наместа проследен со ретки грмежи. За викендот се очекува извесно преодно стабилизирање на времето. Дневната температурата на воздухот од петок ќе биде во постепено благо опаѓање.