240
Министерот за здравство, Венко Филипче се координирал со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов по поплаките дека има голем број граѓани концентрирани во еден автобус поради редуцираниот број на автобуси и се договориле во утринските и попладневните часови да сообраќааат повеќе автобуси.
„Ќе се зголеми бројот на автобуси во утринските и попладневните часови затоа што излегоа информации дека има поголема група во автобус, што не е препорачливо“, истакна Филипче.
Тој посочи дека владата контактирала со кинеската амбасада, од каде им укажале дека има сериозни шанси да стигне помош со маски и одела, но дека тоа ќе се знае до крајот на неделава.