Кејот на Вардар и покрај препораките полн (фото)

од Берта Китинска
722 прегледи

И покрај препораките од страна на здравствените власти за социјална дистанца како најдобра превентива од КОВИД 19, сепак дел од граѓаните како да не ги интересира и продолжуваат со својата дневна рутина.

Топлото и сончево време ги натера Скопјани повторно да излезат на прошетка на кејот на Вардар, со што сериозно придонесуваат за ширењето на коронавирусот.

Потоплото време во следниов период ќеим прави големи проблеми на властите да го зауздаат вирусот, а денешните податоци велат дека број на дијагностицирани со вирусот достигна 570 луѓе.

На Инфективната клиника починаа тројца пациенти – 40-годишен жител на Кочани, без познати минати заболувања, примен на 29 март, и двајца тетовци – 69-годишен човек кој имал тумор на мозокот и 65-годишен без познати други минати заболувања.

Кеј на Вардар
Кеј на Вардар
Кеј на Вардар
Кеј на Вардар
Кеј на Вардар

Фото: Локално.мк

Слични содржини