Ќерката на Дугин добивала закани, се сомневаат дека тоа ја чинело животот

од Vladimir Zorba

Ќерката на рускиот филозоф Александар Дугин, кој е познат како „мозокот на Путин“, загина во експлозија на автомобил во близина на Москва. Нејзин пријател за руските медиуми изјавил дека Дарија и претходно добивала закани, поради што се сомнева дека таа била цел на атентат.

„Експлозивната направа која наводно била поставена во автомобилот експлодирала додека возела и автомобилот се запалил. Возачот починал на лице место. Утврден е идентитетот на починатиот: се работи за новинарката и политиколог Дарија Дугина“, се наведува во извештајот на Истражниот комитет.

Како што изјави за медиумите Сергеј Александров, пријател на починатата Дарија Дугина, таа му признала дека и се заканувале. Тој ги именуваше „претставниците на либералното лоби“ како главни непријатели на Дарија.

Во исто време, новинарот Константин Придибајло нагласи дека Дарија Дугина е „суперпатриот на Русија“, пренесува Известија.

Според Владимир Рогов, член на Главниот совет на Воено-граѓанската управа на регионот Запорожје, активната работа на Дарија можела да доведе до разнесување на нејзиниот автомобил.

Тој смета дека во нејзината смрт најверојатно биле вмешани „украинските терористи“.

Слични содржини