Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас повторно се заедно

од Vladimir Zorba

Иако имаа падови во односите, Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас се повторно среќно вљубени.

Во 2013 година Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас најавија дека  си даваат “одмор” на бракот, за да проценат што да прават со него потоа.

Паузата   сепак не беше лесна ако се има предвид фактот дека токму тогаш  на Даглас  му беше дијагностициран   рак, а Зета-Џонс влезе по своја желба во центар за рехабилитација, каде да лекува биполарното си растројство.

Иако со  проблемите сепак, холивудската двојка очигледно повторно е заедно. Тоа се виде од семејните фотографии кои во петокот Кетрин ги објави на социјалната мрежа. На нив  на двајцата сопружници се гледаат како вљубено   танцуваат заедно дома.

Ова се случува само неколку месеци откако 72-годишниот Даглас откри дека лекувањето од рак му помогнало да “вред ува непознат дел од својот живот” и дека благодарение на него тој и неговата сопруга се “поблиски од било кога”.

Слични содржини