392
Честитки за дипломирањето на мојот син, мојата гордост, мојата среќа, Дилан, напиша во емотивна објава гордата мајка Кетрин Зета-Џонс (52) во која позира со синот Дилан Даглас (21), кој дипломираше деновиве.
– Неописливо сум горда на тебе и те сакам повеќе отколку што можат да опишат зборовите – додала актерката.
Имено, Дилан дипломираше политички науки на престижниот универзитет Браун во Род Ајленд.
Актерката на социјалната мрежа Инстаграм се пофали со фотографијата на која го гушка синот.
Да потсетиме, покрај синот Дилан, Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас (77) ја имаат и ќерката Керис (20).