КФОР најави вежби на Косово

од Vlatko K
273 прегледи

Мисијата на КФОР најави дека во наредните денови ќе спроведе вежби и ќе ги премести своите трупи во различни делови на Косово, како дел од „рутинското распоредување и процедурите“.

 )

КФОР на својата Фејсбук страница објави дека „продолжува со вежбите за да бидат подготвени и да ја гарантираат безбедноста на сите луѓе на Косово“.

Ситуацијата на Косово, како што е наведено, останува под контрола без знаци за можни закани.